(ВИДЕО) „Јокиќ шоу“ во родниот Сомбор, со хитови на Здравко Чолиќ

Трикратниот МВП на НБА лигата и се’ уште актуелен шампион, Никола Јокиќ е на одмор во родниот Сомбор. Бидејќи Денвер ја заврши сезоната рано годинава, Јокиќ се одмора со своите коњи и во омилената српска кафеана.

По аукцијата на коњи и рафтингот на Тара, дојде време за кафеана и опуштање со добро познатите хитови на Здравко Чолиќ. Јокиќ на подиумот покажа дека не е само вешт во кошарка, а публиката беше воодушевена од неговите потези. Видеото набрзо стана вирален хит.

По сезоната во НБА, Јокиќ се врти кон Србија и подготовките за ЛОИ со селекцијата Србија кои почнуваат на 24 јуни во Стара Пазова и ќе траат до 11 јули.

На ЛОИ кои почнуваат на 26 јули, Србија ќе игра против САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana Sulovic (@snezanasulovic)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО