Ерик тен Хаг останува менаџер на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед одигра сезона за заборав и многумина предвидуваа дека тоа би можело да значи отказ за менаџерот Ерик тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место, со ист број бодови како Њукасл, но поради полошата гол-разлика, која во нивниот случај беше дури и негативна, се чинеше дека нема играат во еврокуповите.

Но, се спасија во последен момент со неочекуваната победа против Манчестер сити во финалето на ФА купот (2:1). На тој начин Тен Хаг освои трофеј и на Јунајтед му обезбеди пласман во Лига Европа (ЛЕ), а извиси Њукасл.

Сепак и покрај триумфот во финалето, англиските медиуми шпекулираа околу промената на тренерската клупа на „Олд Трафорд“, но тоа нема да се случи.

„Би-би-си“ пишува дека управата на клубот решила да „му прости“ на Холанѓанецот за лошата позиција во Премиер лигата поради освојувањето на ФА купот и конечно било одлучено повторно да му даде доверба и да му го продолжи договорот.

Тен Хаг (54) ќе го води Јунајтед и трета сезона. Во првата по пристигнувањето од Ајакс, беше многу успешен, ги предводеше „црвените ѓаволи“ до третото место во лигата и до триумф во Лига купот. Во втората сезона го освои осмото место, најлош пласман во ерата на Премиер лигата, и ФА купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО