Ангажманот на Џенаро Гатузо во Хајдук предизвика вистинска бура меѓу фудбалските навивачи во Сплит и во Хрватска. Освојувачот на Лигата на шампиони (ЛШ) со Милан и светски првак со Италија, е едно од најголемите имиња кои доаѓаат во хрватскиот фудбал и не е чудно што има толкаво интересирање.
Иако неговата тренерска кариера не е ни приближно успешна како играчката, нема сомнеж дека доаѓањето на „лудиот“ Италијанец ќе донесе дополнително интересиње за Првата лига на Хрватска, пишуват тамошните медиуми.
Гатузо најдолго време мина на клупата на Милан (83 натпревари) и на Наполи (81). Пред четири години со Наполи го освои и Купот на Италија, а последен ангажман му беше во францускиот Олимпик Марсеј, од каде што си замина во февруари годинава.
Gattuso kad vidi ristovskog pic.twitter.com/zUN2oAKbdK
— Pretplatnik1911 (@Pretplatnik1911) June 12, 2024
Како играч со Милан освои се’, а беше важен дел и од тимот на „азурите“. Беше олицетворение на борбеност и бескомпромисност. Од него стравуваа противничките играчи, но и соиграчите. Немаше милост кон нив ако видеше дека им недостига волја.
💣💣💣 EXCLUSIVE: [VIDEO] Novi trener Hajduka Gattuso je morao odraditi upoznavanje sa svlačionicom Hajduka prije službenog upoznavanja. Ovako je to izgledalo: ❤️💙🚨🚨 pic.twitter.com/TKO4hxXPjM
— Vide Dmitar Rapula (@Vide_Rapula) June 12, 2024
Пристигнувањето во Хајдук предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а во преден план се мајтапењата на сметка на познатата агресивност на Италијанецот.
Некои навивачи на социјалните мрежи објавија позната фотографија од натпреварот во ЛШ меѓу Тотенхем и Милан во 2011 година. Тогаш Гатузо потоа го фати за врат тренерот на Тотенхем, Џо Џордан, по што УЕФА го суспендира на пет натпревари.