Модриќ останува во Реал Мадрид за двојно пониска плата!

Хрватот Лука Модриќ, 38-годишниот играч за врска на Реал Мадрид, се согласил на драстично намалување на платата и потпишал нов договор со мадридскиот клуб, објави „Диарио“.

Според новиот, едногодишен договор, Модриќ ќе заработува пет милиони евра нето по сезона што е за 50 отсто помалку од претходниот договор. Модриќ имал понуди од други клубови, но сакал да остане во Мадрид .

Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година и оттогаш па досега, освои десетици вредни трофеи. Сезонава настапи на 46 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна два гола и имаше осум асистенции.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО