Англија е најскапата репрезентација на ЕП

Фудбалската репрезентација на Англија е најскапа од сите учеснички на Европското првенство (ЕП) годинава, според порталот Трансфермаркт. Фудбалерите на Гордиот Албион вредат 1,52 милијарди евра.

Зад нив се играчите на Франција (1,23) и на Португалија (1,05) кои „тежат“ над една милијарда евра. Четврта е Шпанија (965 милиони), а на петтото место се Германците (851 милиони).

Бранителот на титулата Италија е проценета на 705 милиони евра, а Хрватска, сребрената и бронзената од последните две Светски првенства (СП) е на 11. место (327 милиони евра). На последното место е Романија која се проценува на 92 милиони евра.

Од сите пријавени играчи, најскапи се францускиот напаѓач, Килијан Мбапе и англискиот играч за врска, Џуд Белингем кои од следната сезона ќе бидат соиграчи во Реал Мадрид. Тие се проценуваат на 180 милиони евра.

Играчот за врска на англиската репрезентација, Фил Фоден вреди 150 милиони, неговиот колега од репрезентацијата, Букајо Сака (140), а германскиот играч за врска, Флоријан Вирц (130).

Вредност на репрезентациите

1,52 милијарди евра – Англија

1.23 – Франција

1.05 – Португалија

965 милиони – Шпанија

851 – Германија

845 – Холандија

705 – Италија

584 – Белгија

415 – Данска

379 – Украина

 

Вредност на играчите

180 милиони евра – Џуд Белингем (Англија), Килијан Мбапе (Франција)

150 – Фил Фоден (Англија)

140 – Букајо Сака (Англија)

130 – Флоријан Вирц (Германија)

120 – Деклан Рајс (Англија))

120 – Џамал ​​Мусиала (Германија, Родри (Шпанија)

100 – Едуардо Камавинга (Франција), Хари Кејн (Англија), Орелиен Чуамени (Франција)…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО