(ВИДЕО) Грди сцени по црногорското дерби, голман нокаутирал соиграч!

Неверојатни, грди сцени по завршувањето на фудбалското дерби минатиот викенд во црногорското првенство, во кое Будуќност пред своите навивачи во Подгорица не успеа да ја победи Сутјеска од Никшиќ (2:2). Со тоа си ги намали шансите за освојување на шампионатот (Дечиќ е прв со 58, Будуќност е втора со 55, а трета Сутјеска со 53 бода).

По натпреварот домашните играчи заминале кон северната трибина, кон незадоволните навивачи кои ги повикале на „отчет“ и побарале да од нив ги соблечат дресовите! Имало се’, груби зборови и навреди, но тоа било само почеток.

На теренот настанал хаос, а кулминацијата се случила кога изнервираниот голман на Будуќност, Ѓорѓије Павличиќ налетал на соиграчот,  Игор Ивановиќ и го удрил со тупаница во глава. Од силината на ударот, Ивановиќ паднал на земја, по што едвај бил спасен од разбеснетиот голман!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО