Пари Сен Жермен (ПСЖ) ја освои третата последователна титула во Лига 1, 10-та во последните 11 сезони (вкупно 12-та), по поразот на второпласираниот Монако од Лион, 2:3.
ПСЖ има предност од 12 бода и на три натпревари до крајот на првенството што е недостижно. ПСЖ имаше шанса да ја завери титулата со победа во саботата, но ремизираше против Ле Авр 3:3, на кого му се заканува испаѓање.
Тимот на Луис Енрике сега ќе може да го насочи вниманието кон освојување на првиот трофеј во Лигата на шампиони (ЛШ). Тие во полуфиналето се соочуваат со Борусија Дортмунд.