Младиот, 21-годишен фудбалер на шпанскиот третолигаш Малага, Дани Лоренцо, му го продал дресот на навивач за 50 евра!
По натпреварот одигран минатиот викенд, Лоренцо дошол до трибините каде што фудбалерите се фотографирале со навивачите и им давале автограми. Еден навивач дошо до него и му го побарал дресот.
Тој му дал 50 евра, по што Лоренцо го соблекол дресот со број 22 и му го дал, се наведува во видеото прикажано за време на телевизиската фудбалска програма „Ел Чирингито“ (El Chiringuito).
Навивачот ја подал раката, го помиливал по главата и си заминал со дресот. „Се’ се случи многу брзо. Но, за луѓето да разберат, ние играме во трета лига и немаме договори какви што некои мислат дека имаме.
Јас не сум милионер. Клубот ни дава одреден број дресови кои ни е дозволено да ги делиме, а јас веќе го надминав тој број. Тогаш клубот ни наплатува за дополнителните дресови и тоа му го кажав на човекот на трибините, изјави Лоренцо.
Навивачот од џебот извадил 50 евра, што го изненадило фудбалерот. „Во тој момент реагирав природно и ги земав парите во замена за дресот. Сега, кога ќе размислам, не требаше да го сторам тоа. Но, го направив тоа со искрена намера, се надевам дека луѓето ќе разберат”, вели Лоренци.
Шпанската трета лига се состои од две групи со по 20 клубови. Во еден од нив на четвртото место е Малага, поранешен прволигаш.
💰👕 ¡50 EUROS POR CAMISETA!
👀 Dani Lorenzo, jugador del Málaga, recibe dinero por regalar su camiseta… porque el club se la cobra.
📹 IMAGEN @elchiringuitotv. pic.twitter.com/yS4gADhvs8
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 14, 2024