(ВИДЕО) Евертон го декласира Ливерпул во Мерсисајд дербито и го исфрли од трката за титулата

Ливерпул претрпе тежок удар за шампионските амбиции. Во градското, Мерсисајд дерби беше поразен од Евертон на „Гудисон парк“  со 0:2, за прв пат по 2010 година.

Стрелци на головите беа Џеред Брантвејт во 27 и Доминик Калверт-Луин во  58. минута. Напаѓачите на Ливерпул, пред се’, Дарвин Нуњез и Мохамед Салах, па и добар дел од тимот, и на оваа средба беа под потребното ниво.

Сега „црвените“ заостануваат три бода зад Арсенал на врвот на табелата, додека третопласираниот Манчестер сити има четири бода помалку од Арсенал, но и два натпревара помалку, на четири кола до крајот на првенството.

Менаџерот Јирген Клоп посакуваше сезонава, како и заминувањето од Ливерпул, да го одбележи со четири трофеи, но сега повеќе од извесно е дека ќе мора да се задоволи само со еден, со утешниот и најмалку важен трофеј, Лига купот.

– Ова не беше доволно добро… Навистина сочувствувам со навивачите, многу ми е жал. Се извинувам.

Разочараниот капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дајк по мечот ја довде во прашање желбата на  соиграчите да се освои Премиер лигата. Поразот на „Гудисон парк“ беше втор за Ливерпул на последните три натпревари.

– Дали навистина сакаат да ја освојат лигата? Ако играте вака во текот на целиот меч и не ги добивате дуелите и му давате можност на судијата да досудува слободни удари, тогаш немаме шанси да ја освоиме титулата.

Многу сум разочаран на повеќе начини. Секој мора да се погледне во огледало, да го погледне својот настап и да размисли дали дал сè. Тешко е и очигледно мораме да играме многу подобро против тим што се бори за опстанок. Кога играте како на овој меч, нема шанса за освојување на титулата, изјави Ван Дајк.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО