(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Бостон шокиран, Мајами им направи „брејк“ без Батлер

Кошаркарите на Мајами хит ги шокираа Бостон селтикс во вториот натпревар од првата плеј-оф рунда, славеа на гости со 111:101 и израмнија на 1:1 во серијата која се сели во Мајами.

Бостон, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната и голем фаворит за титулата, играше против екипа која поради повреда остана без најважниот играч, Џими Батлер.

Најзаслужни за победата на Хит беа Тајлер Херо и Бам Адебајо. Херо постигна 24 поени со добра ефикасност (7/13), а особено беше добар со ударите од далечина, со шесте тројки, плус 14 асистенции. Дабл-дабл ефект имаше и Адебајо, кој постигна 21 поен (9/13) и 10 скока.


Од друга страна, двете најголеми ѕвезди на Селтикс одиграа солидно, но на крајот немаа вистинска помош. Џејлен Браун беше најефикасен на натпреварот со 33 поени, 13/23 обиди. Џејсон Тејтум даде пет поени помалку од Браун, а шутираше точно 50 отсто од поле (10/20). На тој ефект додаде осум скока и три асистенции.

Во Западната конференција, најдобриот во регулариот дел, Оклахома Сити тандер го декласираше Њу Орлеанс пеликанс со 124:92, и поведе со 2:0 во серијата.

Играч на натпреварот беше кандидатот за МВП, Шеј Гилџес-Александер со 33 поени (шут 13/19), три скока и пет асистенции, но имаше голема помош и од останатите клучни играчи.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО