(ВИДЕО) Бундес лига, плеј-оф: Бохум го стори невозможното!

Неверојатен натпревар се одигра синоќа во плеј-офот за опстанок/пласман во германската Бундеслига. Бохум кој сезонавава беше 16-ти во Бундеслигата, се спаси од испаѓање откако по подоброто изведување пенали ја победи Фортуна Дизелдорф, третопласираниот тим во втората Бундеслига минатата сезона.

На првиот натпревар одигран во четвртокот, Бохум загуби дома со убедливи 0:3 и практично сите го отпишаа. Но, во вториот натпревар имаше вистинска драма и одлично враќање на Бохум кој славеше со идентични 3:0. Во пенал рулетот во ретко виден фудбалски трилер си обезбедија играње во елитата.

Надеж на гостите им даде Филип Хофман со голот за 1:0 во 18. минута. Во 66. минута тој даде уште еден гол, а четири минути подоцна нов шок за Фортуна. Беше досуден пенал за Бохум што во гол го претвори Кевин Стогер. До крајот на 90-те минути резултатот не се промени, па се играа продолженија. И таму немаше голови, па мораше да се шутираат пенали.

Меѓу првите пет изведувачи на двете страни, по четворица беа прецизни, по што почна дополнителната серија удари. Фудбалерите на двата клуба го реализираа шестиот пенал, но победникот беше решен во седмиот.

Во таа серија, за гостите погоди Максимилијан Витек, а притисокот беше преголем за домашниот играч, за Јапонецот Такаши Учино кој шутираше високо над голот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО