Познат составот на Србија на ЕП. Пикси избриша деветмина, има едно изненадување

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го објави конечниот список од 25 фудбалери за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија. Тој изостави девет играчи кои беа на проширениот список.

Станува збор за голманот Александар Јовановиќ (Партизан), за стоперите Страхиња Ераковиќ (Зенит) и Јан Карло Симиќ (Милан), за играчите од средниот ред, Матија Глушчевиќ (Раднички 1923),  Александар Ќирковиќ (ТСЦ), Немања Радоњиќ (Моропсотосква) и Саша Здјелар (ЦСКА Москва), и за напаѓачите, Самед Баждар (Партизан) и Михаило Ивановиќ (Војводина).

Српските медиуми пишуваат дека отсуството на Ераковиќ е големо изненадување бидејќи тој е стандарден првотимец на рускиот шампион, а Пикси го повика на последните натпревари во март.

Радоњиќ, пак, му ја олесни работата на селекторот со тоа што на денот на објавувањето на конечниот список за ЕП изјави дека нема да игра за Србија додека селектор е Стојковиќ.

Србија е во групата со Англија, Данска и Словенија.

Состав на Србија:

Голмани: Вања Милинковиќ Савиќ (Торино), Предраг Рајковиќ (Мајорка), Ѓорѓе Петровиќ (Челси)

Одбрана: Никола Миленковиќ (Фиорентина), Страхиња Павловиќ (Салцбург), Милош Вељковиќ (Вердер), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Урош Спајиќ (Црвена ѕвезда), Немања Стојиќ (ТСЦ)

Среден ред: Саша Лукиќ (Фулам), Немања Гудељ (Севилја), Немања Максимовиќ (Хетафе), Иван Илиќ (Торино), Срѓан Мијаиловиќ (Црвена ѕвезда), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Ал Хилал), Душан Тадиќ (Фенербахче), Лазар Самарџиќ (Удинезе), Андрија Живковиќ (ПАОК), Филип Костиќ (Јувентус), Филип Младеновиќ (Панатинаикос), Мијат Гациновиќ (АЕК), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага)

Напаѓачи: Александар Митровиќ (Ал Хилал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Лука Јовиќ (Милан), Петар Ратков (Салцбург)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО