Вест Хем со пресврт до победа над Њукасл

По подолга пауза без триумф, Вест Хем конечно им се израдува на трите бода, откако на домашен терен со пресврт го совлада Њукасл со 2:1.

Гостите од „Сент Џејмс Парк“ поведоа преку Калум Вилсон во првото полувреме, но „чеканите“ одговорија во вториот дел со далеку поагресивна игра. Прво Џерод Боуен израмни по одлична асистенција на Пакета, а конечниот резултат го постави Томаш Сучек со убав удар по центаршут на Емерсон.

Со оваа победа, тимот на Дејвид Мојс стави крај на негативната серија и повторно се врати во горниот дел од табелата во Премиерлигата, додека Њукасл поразен ја продолжува слабата форма на гостувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО