Вернер пред враќање во Лондон

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е многу блиску до позајмица во Тотенхем.

Како што објави Скај Германија, двата клуба ги финализираат деталите за позајмица која би го вратила Вернер во Лондон.

Во 2020 година, тој дојде во Челзи од Лајпциг за 47,5 милиони фунти, но не се прослави на Стемфорд Бриџ.

Тој постигна 23 гола на 89 натпревари за Челзи, пред да се врати во Лајпциг во летото 2022 година.

Сезонава постигна два гола на 14 натпревари за германскиот клуб.

Последните денови се зборуваше дека Вернер би можел да заврши на позајмица во Манчестер Јунајтед, но изгледа дека Тотенхем е поодлучен и поконкретен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО