Почина Марио Загало, четирикратниот светски првак

На 92-годишна возраст почина Бразилецот Марио Загало, четирикратниот светски првак во фудбал, како играч и како тренер.

Загало беше првиот човек што триумфирал на Светско првенство (СП) како играч и како тренер, подвиг што оттогаш го направија уште Германецот Франц Бекенбауер и Французинот Дидие Дешамп.

Загало беше крилен напаѓач во тимот на Бразил кој победи на СП 1958 и 1962 година. Беше дел и од тимот со Пеле, Жаирзињо, Тостао, Карлос Алберто што ја освои титулата на СП 1970 година.

Последниот триумф на Загало на СП беше како помошник тренер на Карлос Алберто Пареира во 1994 година. Тој беше селектор на Бразил и на СП 1998 година, каде што„кариоките“ беа поразени во финалето од домаќинот Франција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО