Латвиец ќе игра во ПМФЛ – Пузиревски доаѓа во Тиквеш

Тиквеш го донесе своето прво зимско засилување, а се засили со интернационалец од Латвија.

Станува збор за Артјомс Пузиревски кој е крилен напаѓач и доаѓа на едногодинашна позајмица од ФС Мета Латвија, каде изминатата сезона ја заврши со учинок од 10 гола на 33 натпревари. Исто така е член на латвијската репрезентација до 21 г.

Како што веќе вчера најавивме блиску до потпис со клубот од градото на виното и ракијата е и Кристијан Стојковски.

Во клубот се очекува да пристигнат и неколку бразилски засилувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО