Вемби трагичар, Њујорк со нов брејк до предност од 2-0

Њујорк Никс стигнаа до нов брејк во луда завршница и се враќаат дома, во „Медисон Сквер Гарден“ со предност 2-0 во НБА финалето, Никс славеа во Сан Антонио со 105:104 (25:34, 31:18, 28:23, 21:29).

Тимот на Мајк Браун влезе во последната четвртина со водство од 12 поени по одличната изведба во втората и третата четвртина, но домашните успеаја да се свртат и да поведат со два поени на самиот крај со тројката на Виктор Вембањама.

Но францускиот ас стана трагичар на мечот, во финишот загуби топка им овозможи на Никс да ја вратат предноста, а потоа промаши за победа.

Њујорк Никс ја забележаа 13-та победа по ред во плејофот, што ги става на второто место на вечната листа, зад Вориорс од 2017 година, кои забележаа 15 победи по ред.

Никс се третата франшиза што ги добила првите два натпревари од финалето на гостински терен, по Булс предводени од Џордан во 1993 година и Рокетс предводени од Олаџувон две години подоцна.

Њујорк чека шампионски прстен од 1973 година, кога тимот од најголемиот град во САД стигна до тронот благодарение на најкорисен играч на финалето, Вилис Рид. Тие ќе имаат можност да поведат со 3:0 и да стигнат до три меч топки во ноќта помеѓу понеделник и вторник (02:30), а потенцијално би можеле да го подигнат трофејот пред своите навивачи рано наутро во четврток (а тој натпревар започнува во 02:30 часот).

Најдобар во победничкиот тим беше Карл-Ентони Таунс со 21 поен, 13 скока и четири асистенции, а потоа следуваше Микал Бриџис со 20 (6 скока, 6 асистенции). Џејлен Бренсон исто така постигна 20 поени, но погоди само седум пати од 25 обиди. На другата страна, се истакнаа Вембанњама (29 п, 9 скока) и Дирон Фокс (20 п, 5 аистенции).

Foto/ EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО