Фуксе Берлин е заинтересиран за Филип Кузмановски

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски после завршување на сезоната лидерот на Пелистер се уште нема да донесено одлука дали ќе остане во Битола или пак ќе замина надвор од Македонија.

Според „СпортСпорт“ дознава во овој момент на адресата на Кузмановски пристигнуваат број понуди, а една од нив е Фуксе Берлин кој е сериозен во своите намери и веќе има испратено понуда до македонскиот репрезентативец.

Кузмановски во овој момент е во Кувајт каде ќе има кратка авантура. Тој ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат за истоимениот тим Кувајт Клуб.

Овој тим ќе биде во групата Б и во првото коло ќе ги одмери силите против поранешниот македонски селектор Данило Брестовац со Ал Араби од Катар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО