Досегашниот селектор на Велс, Роб Пејџ, ја напушти функцијата, соопшти локалната фудбалска асоцијација во официјалното соопштение.
Тој застана на чело на националниот тим на Велс во 2020 година. Во овој период од околу 4 години, Велс забележа 15 победи, 15 нерешени и 15 порази.
Пејџ (49) не успеа да се квалификува за УЕФА ЕУРО 2024 со селекцијата на Велс откако загуби од Полска на пенали во плеј-офот. Следеа кошмарните пријателски средби со Гибралтар (0:0) и Словачка (0:4), кои доведоа до разделба.