Велимир Зајец избран за нов претседател на Динамо Загреб

Легендата на загрепските „модри“, Велимир Зајец (68) избран е за нов претседател на хрватскиот фудбалски шампион Динамо на клупското собрание што се одржа на стадионот „Максимир.

Од 60 членови, на Собранието се појавија 52 претставници, а Зајец доби 31 глас. Неговиот против кандидат Мирко Баришиќ, кој ги предводеше „сините“ од април 2000 година кога го наследи Златко Чанјуга, доби 19 гласа..

„Зајец зеко, мед и млеко на Динамо“, како што своевремено го нарече легендарниот радио-репортер Иван Томиќ, на изборите ја предводеше листата „Динамова пролет“ која имаше 25 члена, додека листата на Баришиќ, која ја избра Извршниот комитет, имаше 35 члена.

Зајец беше играчка легенда на Динамо кој ги предводеше „модрите “ до шампионската титула во 1982 година. На „Максимир“ играше од 1974 до 1984 година кога се пресели во грчки Панатинаикос каде што ја заврши кариерата во 1988 година.

Во Динамо тој беше технички, финансиски, потоа спортски директор и тренер. Сега стана претседател на клубот и клучна личност во формирањето на другите органи на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО