Кејн прв со четири хет-трика во деби сезоната во Бундес лигата

Баерн Минхен забележа убедлива победа над Мајнц, 8:1, но и натаму заостанува 10 поени на табелата зад лидерот Баер Леверкузен кој се’ уште е непоразен сезонава.

Англичанецот Хари Кејн (30) стана првиот фудбалер кој постигнал четири хет-трика во дебитантската сезона во Бундес лигата.

Тој постигна гол со левата, со десната нога и со глава против Мајнц, 30 гола на 25 натпревари во Бундес лигата, со што се израмни со Уве Зелер од сезоната 1963/64. Кејн има дадено вкупно 40 гола во сите конкуренции сезонава.

Баерн се’ уште се обудува да фати приклучок со Баер и да ја освои рекордната 12-та последователна шампионска титула. Тренерот на Баварците, Томас Тухел, инсистира дека неговиот тим, кој веќе се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), и покрај големата бодовна негтива не се откажува и ќе продолжи да се бори до крајот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО