Вечерва се игра второто полуфинале на ЕП: Атрактивните Холанѓани против здодевните Англичани

Големото финале на Европското првенство (ЕП) е закажано за недела, 14 јули во Берлин. Познат е првиот финалист, Шпанија, а за вториот финалист одлуката ќе падне вечерва во Дортмунд (21 часот) во мечот Англија – Холандија.

Патот до полуфиналето не беше лесен за двете селекции, но сосема се различни начините како се изборија за место меѓу четирите најдобри.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт е можеби најкритикуваниот меѓу неговоте колеги на ЕП. Неговата Англија едвај се пласираше во полуфиналето, со големи тешкотии, минувајќи ги репрезентациите чиј рејтинг не е ни блиску до нивниот.

Немаше ниту игра, ниту (пре)многу голови. Мислењето е дека, гледајќи го калибарот на играчите со кои тој располага, сето ова требаше да изгледа многу подобро, подоминантно.

Но кој те прашува како ги минуваш пречките ако стигнеш до трофејот? Во групата, Србија, Данска, Словенија, потоа во нокаут фазата, Словачка и Швајцарија. Сега Холандија и стои на патот на Англија на патот до второто по ред европско финале.

Од друга страна игрите на Холандија на ова ЕП ја враќаат вербата во фудбалот. Не недостигаше темпо, енергија и голови. Незгодната Турција ги пречека во четвртфиналето, водејќи на полувремето. Но, Холанѓаните покажаа дух, притиснаа во вториот дел, а помогнаа измените на селекторот Роналд Куман.

Како ќе изгледа вечерашното полуфинале, каков натпревар може да се очекува? Останува да се види дали ќе надвладее здодевниот стил на Англија или Холанѓаните ќе успеат да внесат некој свој позитивен хаос!

Тешко е да се предвиди кој ќе победи, дури ни обложувалниците немаат јасен фаворит. Можеби уште еднаш ќе одлучи момент на индивидуална магија?

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО