Седумкратниот победник на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на најголемиот турнир во светот, откако Австралиецот Алекс Де Минор го предаде четвртфиналниот меч поради повреда на колкот.
Де Минор се повреди за време на натпреварот од 4. коло во победата против Французинот Артур Филс, со 6:2, 6:4, 4:6, 6:3.
За 25-годишниот Де Минор четвртфиналето е најдобриот резултат на грен слем турнирите во кариерата. Тој досега стигна меѓу најдобрите осум на САД опен во 2020 година и на Ролан Гарос годинава.
Ѓоковиќ во петок во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Американецот, Тејлор Фриц и Италијанецот, Лоренцо Музети.
Со пласманот во полуфиналето на Вимблдон, Ѓоковиќ го израмни рекордот на Швајцарецот, Роџер Федерер, досега единствениот играч кој 13 пати стигнал до полуфиналето на грен слем турнирот.
Во второто полуфинале, бранителот на титулата, Шпанецот Карлос Алкараз ќе игра против Русинот Данил Медведев.