Вардар се раздели со Милосавиќ

Екипата на ФКВардар денес информираше за разделба со уште еден свој досегаше член

-Михајло Милосавиќ повеќе не е дел од ФК Вардар. За црвено-црните одигра вкупно 14 натпревари, од кои 12 во рамки на ПМФЛ, на кои постигна 2 гола, и 2 натпревари во рамки на Купот, на кои постигна еден гол.

Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата, велат од таборот на „црвено-црните“.

Инаку како што е познато ФК Вардар моментално е о Анталија на подготовки каде веќе започна и со одигрување на пријателски средби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО