Ван Дајк: Против Франција немаме право на грешка во одбраната

Главниот дефанзивец на Холандија, Вирџил Ван Дајк, вели дека знае како да се запре нападот на Франција, предводен од Килијан Мбапе, кој најверојатно ќе го пропушти тој меч поради повредата на носот.

– Мораме да бидеме функционални како тим за да ја спречиме Франција да постигне гол. Килијан е играч од светска класа кој може да ги промени работите, но и без него Французите се многу опасни во нападот.

Но, ние имаме врвна одбрана и со нетрпение го очекувам натпреварот. Мораме да бидеме сигурни дека сме целосно подготвени за тој меч, изјави Ван Дајк пред дуелот со Франција што ќе се игра на 21 јуни во Лајпциг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО