УЕФА без милост. За „касапот“ од Шкотска заврши ЕП?

Покрај блескавата игра на Германија, која ја совлада Шкотска со 5:1, отворањето на ЕП се памети и по исклучувањето во првиот дел. Жртва на грубиот старт на Рајан Портиус беше Илкај Гундоган, кој се превиткуваше од болка откако Шкотланѓанецот му згазна на ногата.

Судијата, по проверка на ВАР-от, досуди удар од белата точка за Германија, и му покажа и црвен картон на Портиус. Четири дена по „отворањето“ на турнирот стигна казната за шкотскиот „месар“. Тој е суспендиран на два натпревара поради „сериозно груба игра“.

Шкотска претрпе тежок пораз во првиот натпревар, и ќе има уште два обида против Унгарија и Швајцарија. Доколку Шкотите не успеат да се пласираат во втората фаза настапот на Портиус на ЕП ќе заврши со тие разочарувачки 45 минути во Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО