Уште еден тренер од Ливерпул се пресели во Салцбург

Австрискиот фудбалски гигант, РБ Салцбург веќе објави дека Пеп Лијндерс ќе му се приклучи на клубот како нов тренер по неговиот престој во Ливерпул. Но, од денеска уште еден тренер од Ливерпул оди во Салцбург.

Линџерс во својот стручен тим го донел и Витор Матош, кој ја презема улогата на прв помошник. Португалецот беше дел од тимот на Клоп во Ливерпул од 2019 година, каде што беше тренер за развој.

-Среќен сум што успеавме да ангажираме двајца исклучително компетентни помошни тренери во Онур Цинел и Витор Матош. Убеден сум дека совршено ќе се вклопат во нашиот нов тренерски тим и ќе му дадат на Пеп најдобрата можна поддршка, вели спортскиот директор на клубот, Бернхард Сеонбухнер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО