Борусија (Д) размислува да го продаде младиот Адејеми

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми најверојатно ќе го напушти клубот ова лето. Според релевантни извори во Германија, раководството на финалистите во Лигата на шампионите ја разгледува можноста да го продаде 22-годишниот напаѓач и е подготвено да ги слушне понудите за играчот.

Адејеми моментално е предмет на интерес од неколку клубови од Премиер лигата. За Борусија Дортмунд тој игра од пред две сезони. Во сезоната 2023/24 забележа 33 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 5 гола и 2 асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО