УЕФА потврди дека на ЕП 2024 во репрезентациите ќе има по 26 играчи

Извршниот комитет (ИК) на УЕФА го потврди зголемувањето од 23 на 26 играчи во составите на 32-те репрезентации што ќе настапат на Европското првенство (ЕП) во фудбал летово во Германија.

На ЕП 2020 исто така имаше по 26 играчи, но тоа беше поради ковид-19, по што УЕФА првично планираше повтормо да има по 23 фудбалери на ЕП 2024.

Проширени тимови имаше и на Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, бидејќи се играше во средината од домашната сезона. Тимовите-учеснички на ЕП не мора да именуваат проширени тимови, но мора до 7 јуни да достават список со најмалку 23 играчи до УЕФА.

Веста ќе биде поздравена од повеќе селекгори кои ја критикуваа идејата за намалување на бројот на тимовите за турнирот. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, претходно беше за тимови со 23 играчи, но многуте повреди во Премиер лигата сезонава го смени неговото размислување.

ЕП 2024 кое ќе се игра во 10 германски града, почнува на 14 јуни, во Минхен и ќе трае до 14 јули, со финалето во Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО