Гоце Георгиевски и следната сезона во дресот на Вардар

Десното крило на РК Вардар, Гоце Георгиевски, реши уште една сезона да игра во дресот на „црвено-црните“. Oд клубот денеска објавија дека Георгиевски го продолжил договорот на уште една сезона.

– Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат, и кои се’ повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги.

Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се’ уште гладен за победување, исто како и Вардар, и заедно ќе чекориме кон нови победи, изјави Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО