Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе можат да се соочат со Џирона, односно Ница на евро сцената следната сезона, откако беа исполнети условите за сопственост на повеќе клубови поставени од УЕФА.
Управното тело на европскиот фудбал во петокот соопшти дека „значителните промени“ во сопственичките аранжмани на Џирона и Ница значат дека тие сега можат да се соочат со клубовите од Манчестер во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, доколку се извлечат заедно на ждрепката.
Џирона и Манчестер Сити се дел од „Сити фудбалската групација“, додека Инеос ги контролира фудбалските операции на Јунајтед и е мнозински сопственик на Ница.
УЕФА соопшти дека уделот на „CFG“ во Џирона и уделот на „INEOS“ во Ница биле префрлени на независни управители во структурата на „слепа доверба“. Управното тело на европскиот фудбал, исто така, соопшти дека клубовите се согласиле да не префрлаат играчи меѓу нив, ниту трајно, ниту на позајмица, од сега до септември 2025 година. Ова значи дека Манчестер Јунајтед нема да може да го ангажира дефанзивецот Жан-Клер Тодибо од Ница, но Граѓаните ќе можат да се засилат со бразилското крило Савио бидејќи играше како позајмен во Џирона од Троа и веќе се врати кај Французите, клуб кој исто така е во сопственост на истата групација. Сепак, Троа нема да учествува на европските турнири, па нема проблем со реализација на трансферот.
Клубовите исто така се согласија да не склучуваат никаква соработка, заеднички технички или комерцијални договори едни со други или да не користат заеднички скаутинг или база на податоци за играчи.