УЕФА ги објави номинираните за играч на неделата во Лигата на шампиони

Прес-службата на УЕФА објави четворица кандидати за признанието играч на неделата во Лигата на шампиони (ЛШ) врз основа на резултатите од првите осминафинални натпревари.

Меѓу номинираните беа Брахим Дијаз (Реал Мадрид),  Матео Гвендузи (Лацио), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Кевин Де Брујне (Манчестер сити).

Дијаз го постигна победничкиот гол на натпреварот против Лајпциг, Мбапе постигна гол против РеалсСосиедад, Де Брујне беше стрелец на гол и асистираше против Копенхаген, а Гвендузи го одигра добро целиот натпревар против Баерн.

Вкупно недела беа одиграни четири натпревари од 1/8 финалето на ЛШ: Лајпциг – Реал Мадрид (0:1), Копенхаген – Манчестер сити (1:3), ПСЖ – Реал Сосиедад (2:0) и Лацио – Баерн (1:0).

Следната недела ќе се одиграат уште четири осминафинални натпревари: Интер – Атлетико Мадрид, ПСВ – Борусија Дортмунд, Порто – Арсенал и Наполи – Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО