УЕФА покрена дисциплинска постапка против Србија

УЕФА соопшти дека отворила дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) поради, наводно, непримерно однесување на нивните навивачи по натпреварот против Англија (0:1) на ЕП.

Обвиненијата против ФСС вклучуваат „фрлање предмети“ и „пренесување провокативна порака несоодветна за спортски настан“. Надзорното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ќе одлучува за ова во догледно време, се вели во соопштението на УЕФА.

Во меѓувреме, Косово и Србија поднесоа жалби едни против други до УЕФА за истиот натпревар!

Србија соопшти дека косовски новинар наводно провоцирал со албански националистички знак (вкрстени раце), додека Фудбалска федерација на Косово (ФФК) се пожали на, како што ги нарече, „расистичките пораки“ од српските навивачи.

Навивачите на Србија истакнаа „знамиња, пароли и извици… со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово“, се вели во соопштението на ФФК.

„Непречено прикажување на вакви пораки… на голем настан како што е ЕП е бесмислено и апсурдно“, се наведува и се повикува на строги дисциплински мерки против Србија, нарекувајќи ја „повторувач“.

И Косово и Србија велат дека инцидентите се случиле пред и за време на натпреварот меѓу Србија и Англија во неделата,

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО