Убедлив пораз на Македонија од Хрватска

Нашите најдобри фудбалери денеска загубија во пријателски натпревар на гостувањето кај Хрватска со 3-0. На стадионот во Ријека домаќинот направи предност по првиот дел од 2-0 со двата гола на Мајер од кој првиот беше мала мајсторија од слободен удар уште во 10 минута.

Вториот дојде во 39-та по нерешителноста на нашата одбрана. Точка на мечот резултатски стави Пашалиќ во 79 минута кога одбиената топка од голманот Димитриевски ја испрати под самата пречка.

Македонија на 10 јуни ја чека уште еден контролен меч и тоа против Чешка во Храдец Кралове.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО