Младата фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ја оствари и втората победа во квалификациите за ЕП 2025.
На домашен терен денеска избраниците на Драги Канатларовски минимално со 1:0 ја поразија селекцијата на Гибралтар. Одлуката на мечот во кој нашата селекција имаше повеќе од играта, падна во 52. Минута, кога Луан Абази по еден удар со глава успеа да го погоди спротивниот агол од голот на гостите и да ја затресе мрежата за водство од 1:0.
Иако до крајот на мечот Македонија имаше уште неколку добри шанси, резултатот остана непроменет. Во вторник нашата селекција на Националната Арена во Скопје во шестиот квалификациски меч во групата ја пречекува Шведска.