Алфонсо Дејвис го направил изборот

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го направил изборот! Канаѓанецот ќе ја одбие понудата на Баварците за нов договор бидејќи негова желба е да се пресели во Реал Мадрид, тврди „АС“.

Левиот бек се надева дека двата клуба ќе се договорат и оти неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се случи по завршувањето на сезоната. Доколку тоа не се случи, тој ќе се пресели во Мадрид во летото 2025 година, како слободен играч.

Баерн веќе му понудил нов договор на Дејвис, со плата меѓу 11 и 13 милиони евра годишно. Тој инсистира да добива 20 милиони, но Баварците немаат намера да ја  исполнат неговата желба, поради што двете страни најверојатно ќе се разделат.

Реал не планира да му плати повеќе од 40 милиони евра на Баерн за Дејвис летово. Доколку Баерн не ја прифати таа сума, Канаѓанецот догодина, по истекот на договорот, би се преселил на „Бернабеу“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО