Македонија доби лесна група во квалификациите за ЕП 2026

Репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија ќе бидат ривалите на нашата машка ракометна репрезентација во циклусот квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во Скандинавија во 2026 година.

Денешната ждрепка сакаше од првиот (најквалитетниот) шешир за противник да ја добиеме Словенија, додека од третиот и четвртиот шешир ги добивме Литванија и Естонија. Во оваа квалификациска фаза ќе учествуват 32 репрезентации, а 20 од нив ќе обезбедат пласман на ЕП. Од осумте групи кои беа формирани денеска, победниците, второпласираните и четири најдобри третопласирани селекции ќе обезбедат учество на ЕП 2026.

Следниот континентален собир заеднички ќе го организираат Данска, Норвешка и Шведска од 15 јануари до 1 февруари 2026 година. Квалификациите ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО