Тухел се сретнал со Ратклиф и се приближува кон Манчестер јунајтед

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф се сретнал лично со Томас Тухел во текот на оваа недела во Монако, тврди „Билд“.

Германецот се поврзува како еден од фаворитите да го замени Ерик тен Хаг, доколку Манчестер јунајтед реши да се раздели со Холанѓанецот. На средбата Тухел ги претставил своите планови и визија за развој на тимот доколку биде назначен.

Тој, исто така, посочил какви мерки има намера да преземе за да се врати на вистинскиот пат и да ја подигне формата на играчите како Џејдон Санчо и Мејсон Маунт, кои дефинитивно не биле најдобро искористени од нивните трансфери на „Олд Трафорд“.

Како пример Тухел го искористи Антонио Рудигер, кој значително го подигнал нивото на своите игри за време на раководењето со Германецот во Челси. Се очекува Јунајтед и формално да го заврши прегледот на клупската сезона и настапите под Тен Хаг следната недела, пред да донесе одлука за неговата иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО