Црвена Звезда и Партизан добија покана од Евролигата и ќе бидат дел од кошаркарската елита 

Белград, Србија и регионот повторни ќе може да уживаат во врвните кошаркарски натпревари откако кошаркарски екипи на Партизан и Црвена Звезда, официјално добија нова покана за настап во Евролигата и следната сезона.

Двата клуба ќе мораат да платат сума од по еден милион евра, 750.000 за специјалната покана и уште 250.000 евра за трошоци за судиите. Навивачите во Белград повторно ќе имаат шанса да проследат голем број на спектакуларни натпревари во „Штарк Арената“.

Сигурни учесници во Евролигата следната сезона се Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Анадолу Ефес, Фенербахче, Асвел, Париз, Монако, Макаби Тел Авив, Жалгирис, Баерн Минхен и Олимпија Милано.

Комплетната листа на учесници ќе биде официјално соопштена кон крајот на месец јуни, а новата сезона според планот треба да започне на 5.октомври.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО