Тудор е нов тренер на Лацио

Игор Тудор е нов тренер на Лацио, потврди италијанскиот клуб. Најавите се остварија, па тој денеска потпиша договор на година и пол со претседателот на римскиот тим.

Хрватот на клупата на Лацио го замени Маурицио Сари, кој минатата недела ја напушти клупата поради лошите резултати. Лацио моментално е на деветтото место во Серија А и заостанува два бода зад бранителот на титулата Наполи, кој ја зазема седмата позиција која води во Европа.

Во текот на својата тренерска кариера, Тудор ги водеше ПАОК, Галатасарај, Удинезе, Верона, Хајдук и Олимпик Марсеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО