Мбапе ќе мора да избира: Трансфер во Реал Мадрид, или големи турбуленции со репрезентацијата

„Кралевите“ не сакаат да ги пуштаат своите играчи на Олимписки игри, па тоа ќе биде интересна ситуација и разврска околу Килиан Мбапе.

Од поодамна е познато дека ОИ не се некоја преголема страст за фудбалерите, но и покрај тоа, се случувало во минатото, некои големи ѕвезди сепак да одлучат да ги бранат боите на својата земја.

Поради тоа што Мбапе веќе изразил желба да биде дел од националниот тим на игрите во Париз, но тоа може да наиде на проблем доколку тој се пресели во Реал Мадрид на лето.

Наводно Мбапе веќе имал договорени услови со Реал Мадрид, па се чекало само сезоната да приврши и договорот да биде потпишан. Но неговото заминување во Мадрид може да значи и проблем, односно неиграње на Олимписките игри.

Со оглед на тоа дека Мбапе, во период кога ќе дојде ред за ОИ, ќе биде веќе во Мадрид, тој ќе нема прави на настап во Париз, па ќе остане да се види дали евентуалниот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид би му направил проблем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО