Јуве има листа од три имиња како можни наследници на Алегри

Јувентус веќе состави листа од неколку имиња кои се споменуваат како кандидати за тренерското место во случај, Масимилијано Алегри на крајот на сезоната да си замине од „бјанконерите“.

„Газета дело Спорт“ денеска пишува дека на оваа листа се Тиаго Мота (Болоња), Винченцо Италијано (Фиорентина) и Рафаеле Паладино (Монца). Иднината на Алегри во клубот ќе зависи од перформансите на тимот до крајот на сезоната, кога управата ќе одлучува за неговата иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО