Тудор доби отказ преку телефон – хаос во Јувентус по новите неуспеси

Хрватскиот стратег Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус – клубот од Торино му врачи отказ преку телефон, по серија лоши резултати кои ја прелеаја чашата на трпението кај управата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Тудор бил контактиран од спортскиот директор Кристијано Ѓунтоли, кој му соопштил дека е разрешен од функцијата. Одлуката следува по осум натпревари без победа (пет ремија и три порази), а последниот удар бил минималниот пораз од Лацио (0–1).

Иако беше донесен како решение кое требаше да ја стабилизира екипата по слабата пролет, резултатите на Тудор не ја оправдаа довербата. Наводно, дел од играчите биле незадоволни од неговиот пристап и честите тактички промени.

На негово место привремено ќе седне Масимо Брамбила, тренерот на младинскиот тим на Јувентус, додека управата не донесе трајно решение.

Отказот преку телефон предизвика бурни реакции во италијанската јавност, бидејќи многумина го оценија потегот како некоректен и непрофесионален кон поранешниот играч и тренер на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО