Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ откри кого би избрал доколку мора да се одлучи меѓу тројцата фудбалски генијалци – Андрес Иниеста, Чави Ернандез и Лука Модриќ.
Во интервјуто кое предизвика големо внимание, Ракитиќ без многу размислување одговори:
-Тоа е како да мораш да бираш меѓу мама и тато… но ќе кажам – Лука Модриќ.“
Така, поранешниот играч на Барселона, кој со Иниеста и Чави делеше соблекувална на „Камп Ноу“, сепак го избра својот соиграч од хрватската репрезентација, со кого стигна до финалето на Светското првенство во 2018 година.
Ракитиќ додаде дека и Иниеста и Модриќ се „играчи од друга планета“, но дека блискоста и заедничките искуства со Модриќ ја направиле разликата.
„Играв со најдобрите, но Лука има нешто посебно – интелигенција, мирнотија и лидерство кои не се учат,“ изјави Ракитиќ.
Изјавата на искусниот играч предизвика бројни реакции меѓу фановите на Барселона и Хрватска, кои повторно ја отворија старата дебата – кој е најдобриот плејмејкер на оваа генерација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: