Црвена Звезда ја продолжи победничката низа – Панатинаикос без шанси во Белград

Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија својата импресивна форма во Евролигата, совладувајќи го Панатинаикос со убедливи 86:68 во „Штарк арена“ во Белград. Ова беше седма последователна победа за тимот на Јанис Сфаи­ропулос, кој моментално изгледа како еден од најстабилните состави во Европа.

Звезда ја започна средбата силно, контролирајќи го темпото уште од првата четвртина која ја доби со 20:12, а на полувремето веќе имаше сигурна предност (46:32). Во третиот период Белграѓаните одиграа одлично во одбраната и дозволија само 8 поени на гостите, со што целосно ја решија дилемата околу победникот.

Најефикасни кај Црвена Звезда беа Брендон Мекгринтaјер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции и Мане Монеке со 14 поени и 8 скока. Кај Панатинаикос се истакна Ник Калатес со 16 поени, додека Кендрик Нан одигра под очекувањата и го заврши натпреварот со само 6 поени и 7 изгубени топки, предвреме беше исклучен поради пет лични грешки.

Иако грчкиот тим се обиде да се врати во последната четвртина со серија тројки, домашните не дозволија изненадување и ја задржаа контролата до крај.

Со оваа победа, Црвена Звезда ја изедначи својата најдолга серија од седум победи по ред во историјата на Евролигата и потврди дека моментално се наоѓа во одлична форма пред следните предизвици.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО