Неочекувана вечер во Лигата на шампионите — фаворитите Челзи и Виљареал не успеаја да запишат победи против далеку послаби противници.
Челзи одигра само 2:2 на гостувањето кај Карабах во Азербејџан. Лондонскиот клуб поведе преку Естевaо Комбе во 16. минута, но потоа направи серија грешки кои скапо го чинеа. Лeандро Андраде изедначи во 29. минута, а десет минути подоцна Јанковиќ беше прецизен од белата точка за пресврт на Карабах.
„Сините“ се спасија од пораз благодарение на голот на Гарначо во 53. минута, но не успеаја да дојдат до целосен пресврт.
Во друг натпревар од групата, кипарскиот Пафос приреди сензација и го совлада Виљареал со 1:0. Херој на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен, кој погоди во 47. минута за историска прва победа на клубот во Лигата на шампионите.
Резултатите од вечерта дополнително ја комплицираат ситуацијата во групата, каде што сите екипи сè уште имаат шанса за пласман во нокаут фазата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: