Црвена звезда ги казни фудбалерите по поразот од Брага

Раководството на Црвена звезда донесе одлука да ги парично казни своите фудбалери по поразот од португалска Брага со 2:0 во рамките на третото коло од Лига Европа.

Според информациите од српските медиуми, веднаш по враќањето во Белград, генералниот директор Звездан Терзиќ и стручниот штаб одржале состанок со фудбалерите. На средбата било истакнато дека односот кон обврските и настапот во европските натпревари не бил на потребното ниво.

Како резултат на тоа, играчите биле известени дека ќе бидат парично санкционирани, при што на секој фудбалер ќе му бидат задржани 10.000 евра од следната месечна плата. Според раководството, оваа мерка има за цел да испрати јасна порака дека клубот не е задоволен од играта и пристапот на тимот во натпреварот против Брага.

Црвена звезда продолжува со подготовките за следните обврски во домашното првенство, каде што ќе се обиде да се врати на победничките патеки и да ја задржи лидерската позиција во табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО