Клоп: Недоразбирањето со Салах целосно решено!

Мохамед Салах и Јирген Клоп се препираа покрај аут линијата во финишот од мечот Вест хем – Ливерпул (2:2) минатата сабота, а видео снимката потоа стана „хит“ на социјалните мрежи. Египетскиот напаѓач (31) одби да разговара со новинарите по натпреварот, велејќи кратко: „Ќе гори ако кажам нешто“!

Пред мечот против Тотенхем во недела на „Енфилд“, менаџерот на Ливерпул, Клоп изјави дека неговата расправија со Мохамед Салах е „целосно решена“.

– Нема никаков проблем. Се’ е добро во врска со тоа, нема никаква приказна. Мислам дека имаме право да се позанимаваме со овие работи целосно независно од какво било мешања однадвор. Ако не се познаваме толку долго, не сум сигурен како би се справиле со тоа, но се знаеме долго и се почитуваме што навистина нема никаков проблем.

Најдобрата ситуација би била секој да е на најдоброто место, ние да победуваме на натпреварите, да постигнуваме многу голови. Тогаш ситуацијата веројатно немаше да биде таква, затоа што Мо не ќе беше на клупата. Сите зависиме еден од друг, рече Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО