Тренерот на Ница, Фариоли се согласи да го води Ајакс

Холандскиот гигант Ајакс постигна договор со тренерот на Ница, Франческо Фариоли, пренесува холандското издание „Де Телеграф“.

Според изворот, 35-годишниот италијански стручњак се согласил да го води клубот од Амстердам почнувајќи од следната сезона. Сепак, Ајакс се уште не постигнал договор со Ница. Да потсетиме, сега вршител на должноста тренер на Ајакс е Џон Вант Шип. Клубот од Амстердам е петти во Ередивизија и на 33 натпревари има освоено 55 поени.

Фариоли е на чело на Ница од јули 2023 година. Под негово водство, францускиот тим е петти на табелата во Лига 1, со 54 бода по 32 натпревари. Предходно Фариоли работеше во турските клубови Фатих Карагумрук и Аланијаспор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО