Тухел незадоволен: Реал ни даде два гола од две шанси!

Баерн Минхен и Реал Мадрид синоќа одиграа 2:2 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, па патникот во финале ќе се решава во Мадрид.

Стрелци за домаќините беа Лерој Сане и Хари Кејн, додека за Реал двоен стрелец беше Винициус Жуниор.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека Реал незаслужено стигнал до овој реузлтат, бидејки дале два гола од две шанси.

– Игравме добро првите минути, имавме шанси, имавме течна игра, но Реал прв постигна гол. Постигнаа гол од првата шанса која им се укажа. Во вториот дел бевме далеку подобри и поведовме со 2:1. Имавме шанси и за трет гол, но не успеавме.

– Веднаш потоа Реал постигна гол, од втората шанса на натпреварот, па се на крајот, ќе се одлучува во Мадрид. Реал правеше вакви работи и претходно, да даде два гола од само две шанси. Имаат квалитет, ефикасни се и имаат трпение. Ни недостасуваше трет гол, немавме јасна слика на терено и успеавме да им поклониме пенал. Нерешено е, па се ќе се решава во реваншот, ќе се бориме, одиме на добар резултат во Мадрид, порача Тухел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО